Пејачката Пинк во изминатиот период работела прилично напорно и изгледа дека ќе паузира во 2020 година.
Зборувајќи за “Entertainment Tonight” на црвениот тепих на доделувањето на наградите “Country Music Association”, на Пинк ѝ се придружиле нејзиниот сопруг Кери Харт како и нивните деца.
Пинк во оваа прилика ја извела својата песна “Love Me Anyway” со Крис Стејплтон, по што изјавила дека брзиот и зафатен начин на живот ѝ здодеал.
“Јас интензивно работев нешто повеќе од две и пол години. Во тој период, мојата ќерка тргна на училиште, а синот е на предучилишна возраст. Мислам дека 2020 година ќе ја резервирам за семејството”, рекла Пинк.
Ѕвездата го пофалила и својот сопруг со кој ќе прослави 14 години брак во јануари.
“Тој е супер поддршка. Ме следи насекаде низ светот и сега е ред да му се оддолжам”, изјавила пејачката.
Според “Billboard”, нејзината турнеја насловена “Beautiful Trauma Tour” е сместена на 10-тото место на најуспешни турнеи во историјата со најголема заработка на сите времиња, заработувајќи повеќе од 397 милиони долари.