Потресна исповед на Стојановска: „Докторите лавовски се бореа бебето да ми преживее“

Точка

15/11/2019

20:10

7.091

Големина на фонт

а а а

Македонската актерка, Јана Стојановска, пред речиси три месеци стана мајка на малиот Ненад.

Таа се породи во седмиот месец од бременоста, но и покрај сите компликации, денес двајцата се во добра здравствена состојба.


Актерката ја криеше оваа вест од јавноста и не сакаше да зборува.

Но, како за многу други работи поврзани со јавните личности, Бекстејџ се оние кои успеваат ексклузивно да ги дознаат работите за најинтимните детали од нивниот живот.

Стојановска за Бекстејџ открива дека поминала низ доста стресен период, но сега се надева дека сè ќе биде како што треба.

Инаку, малиот Ненад, иако се планирало да носи друго име, на крајот го добил името на неговиот дедо, односно таткото на Јана, познатиот актер, Ненад Стојановски.

Јана за загубата на татко ѝ вели дека тоа ѝ е навистина трауматично искуство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг