Моќната Клеопатра го завела Цезар, а погребана е покрај Марко Антониј - археологот д-р Захи Хавс на чекор до ново откритие за гробницата по која се трага со векови

Точка

15/11/2019

20:29

9.598

Големина на фонт

а а а

На 18 години дошла до египетскиот престол, зборувала девет јазици и ги завела најмоќните мажи. Сè што знаевме за моќната Клеопатра би можело да се смени со откритието на археологот д-р Захи Хавас.

Колку една жена која е на престол може да биде моќна, доказ е Клеопатра. На 18 години седнала на египетскиот престол и страствено правела сè за на нејзината земја да ѝ обезбеди благосостојба. Најмоќните мажи не можеле да ѝ одолеат, а жените и денес сакаат да го дознаат клучот за нејзината убавина.

Таа зборувала девет јазици, на памет ги знаела стиховите на Есхил, Софокле, Пиндар и Сафо, а блиски ѝ биле и геометријата, музиката и астрологијата.


Кога во 48-та година п.н.е. на нејзината територија стапнал моќниот Цезар, Клеопатра нашла начин да му пријде. На состанокот со Цезар дошла прокриумчарена во тепих. Цезар бил импресиониран од нејзината убавина. Го добиле синот Цезарион, а Клеопатра станала неуништлива владетелка.

Потоа интригантната владетелка застанала на страната на Марко Антониј. Му приредувала големи гозби на кои големиот војсководец до “колена газел по рози“. Кон крајот на 39-та година п.н.е. ги добиле близнаците Александра и Селена, а три години подоцна и синот Птоломеј.

Нивната идила прекинала со тоа што по поразот љубовниците одлучиле да си ги одземат животите, Марко Антониј со неговиот меч, а Клеопатра барала да ѝ донесат кобра која според египетското верување води кон бесмртност.


Плутарх тврдел дека љубовниците биле погребани заедно, но каде, останало мистерија. Сè додека најпознатиот светски археолог д-р Захи Хавас, истражувајќи го храмот Тапосирис Магна кај Александрија не ги поместил границите на досегашните сознанија. Тој е убеден дека таму се крие нивната гробница.

„Со д-р Кетлин Мартинез од Доминиканската Републка последните осум години ја барам гробницата на Клеопатра и Марко Антониј во храмот Тапосирис Магна на околу 50 километри западно од Александрија. Пронајдовме монета со ликот и името на Клеопатра, статуа, камен плоча со хиреогливски натпис“ - вели д-р Хавас и најавува значајни нови откритија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг