“Уште еден ден хаос во Венеција“ - градот кој исчезнува: Затворен плоштадот Свети Марко

Точка

15/11/2019

19:20

5.648

Големина на фонт

а а а

Централниот плоштад Свети Марко во Венеција е поплавен и затворен за туристите додека пак водата повторно ги поплави продавниците и хотелите во овој италијански град.

Локалните власти соопштија дека плимата достигнала 154 центиметри, нешто под очекувањата, но и понатаму 70 отсто од градот е под вода.


„Уште еден ден тревога во Венеција. Југот продолжува да дува. Ги повикувам сите... Да бидат подготвени на нивото на водата“ - напишал градоначалникот Луиџи Бруњаро на својот Твитер профил.


Бруњаро ги обвинил климатските промени за поплавување на градот, историската базилика, трговските центри и зградите кои се стари повеќе векови.


Нивото на водата ќе се намали во текот на викендов на 110-120 центиметри, сооптшил Метеоролошкиот завод од Венеција.


Италијанската влада прогласила вонредна состојба во Венеција и ги доделиле почетните 20 милиони евра за санирање на штетите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг