Смутито со цимет е еден од најслатките начини за започување на денот – имаме три рецепти за вас

Точка

15/11/2019

18:34

3.381

Големина на фонт

а а а

Дождливите денови нè мотивираат да ја промениме гардеробата, да го преуредиме домот, но студените температури нè поттикнуваат и на малку поинакво комбинирање на намирници на нашето мени.

Сезонските намирници ја преземаат главната улога со зачините кои мирисаат на есен. 

Поединечни ароми неодоливо потсетуваат на дружењето во рамки на домот и празниците, а меѓу нив особено се истакнува циметот. Освен што го бираме како украс на нашиот омилен десерт – пита од јаболко, циметот можете да го додавате и во утринското смути.


Зачинот е одличен за регулирање на телесната тежина, преполн е со антиоксиданси, го контролира нивото на шеќерот во крвта и има антибактериско дејство.

Тоа се само дел од предностите на консумирање на овој сладок зачин, а овие рецепти во продолжение ќе го направат уште попопуларен на вашето дневно мени.

Предлог број 1

Потребни состојки:

- 2 јаболка

- 2 лажици цимет

- ½ шолја грчки јогурт

- 1 лажичка ленено семе

- 100 мл. бадемово млеко

Начин на припрема:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте.


Предлог број 2

Потребни состојки:

- 1 шолја бадемово млеко

- 1 јаболко

- ½ банана

- ½ лажица цимет

- 2 коцки лeд

Начин на припрема:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте. По потреба додадете уште малку млеко.


Предлог број 3

Потребни состојки:

- 1 банана

- 200 гр. јогурт

- 500 мл. вода

- 1 шака бадеми

- 1 сува смоква

- 1 лажица цимет

Начин на припрема:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг