Трикот со кој од пакетчето ќе извадите само една марамица - ќе ве воодушеви

Точка

15/11/2019

17:23

3.473

Големина на фонт

а а а

Ако наместо една влажна марамица, од пакетчето често вадите повеќе, трикот на една мајка ќе ве воодушеви.

Имено, 29-годишната Лаурен Мартин, на Фејсбук се пофалила дека дошла до откритие кое ѝ го променило животот.

Појаснила дека освен отстранувањето на заштитната налепница треба и дополнително да го пресечете, односно да го проширите отворот и тогаш наместо куп марамици, секој пат ќе извадите само една.

До откритието дошла случајно кога му менувала пелена на синот и ненамерно скинала дел од пластичната амбалажа за влажни марамици.


„Никогаш претходно не размислив. Сега конечно не извлекувам многу влажни марамици, туку една по една“, им рекла на другите родители кои се членови на родителската Фејсбук група „The Motherload“.

Родителите ја нарекле херој, бидејќи го решила проблемот со кој многумина се соочувале.

„Десет години сум мајка и никогаш не ми паднало на памет“, напишала една жена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг