300.000 шишиња шампањ и 130 години традиција: Ова е местото на кое не може да направите селфи или пак било каква друга фотографија

Точка

15/11/2019

17:11

1.883

Големина на фонт

а а а

Постои едно место каде што не можете да направите селфи фотографија. Ниту пак било каква друга фотографија бидејќи поминувате низ вратата на салата во која се одржува претстава, а претставата трае точно “130 години“ и годишно троши по 300.000 шишиња шампањ.

Добре дојдовте во Мулен руж!

Денес тоа е шоу бизниз со годишна заработка од 60 милиони евра. Ансамблот има 60 танчери и танчерки од 14 земји. Сите танчери се со иста висина - точно 175 цантиметри. Со долги нозе, витки, во раните 20-ти години, блескави насмевки и сјајни очи.


Секој ден играат по две претстави со времетраење од час и половина, со почеток од 21 часот и 23 часот. Во секоја од претставите има по 1.000 фантастични костими. Танчерите во текот на една изведба менуваат од 10 до 15 костими. За пресоблекување имаат точно 90 секунди.

Најниската цена за карта е 110 евра и подразбира само гледање на претставата. За малку повеќе пари добивате шампањ и вечера, избор помеѓу четири менија - Belle epoque, Toulouse-Lautrec, Mistinguett и вегетаријанско.


Сè започнало во 1889-та година. За Париз тоа била значајна година. Градот прославувал 100 години од буржоаската револуција и завршувањето на Ајфеловата кула. Двајца популарни импресари го покренуваат танцовото шоу кое својата прва изведба ќе ја има на 6-ти октомври.

Што е посебно во Мулeн руж?

Навистина прекрасен спектакл. Многубројни танцови точки, неколку соло танцови точки со актерство и пеење. Акробатски точки на солисти од кои застанува здивот. Експресивните набљудувачи само го испуштаат здивот и воздивнуваат. Има и една точка во која на средината е поставен огромен стаклен базен кој е преполн со змии. Точката бара од младата девојка да влезе внатре во базенот и да се бори со змиите како робинка која се бори со смртта. По грандиозната борба, танчерката подигнува една змија, а на лицето има широка насмевка.


Големото финале е “канкан“ во кое учествува целиот ансамбл. Костими во боите на француското знаме, весело свиркање на танчерите и аплаудирање на публиката во ритам.

Кога завесата ќе се спушти ќе се почувствувате како 90 минути да сте биле во друга димензија, целосно во внатрешноста на фантазијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг