Кина тестирала нова нуклеарна ракета за која тврди дека со еден удар може да направи Сан Франциско да стане пепел и прашина

Точка

15/11/2019

20:57

3.843

Големина на фонт

а а а

Кина тестирала нов нуклеарна ракета која се лансира од подморници, а која е во состојба со еден удар "да го збрише" Сан Франциско, иако меѓународната заедница се погласно го одвраќа Пекинг од таквите потези.

Кина тестирала најсовремена ракета минатиот месец во Жолтото море, откриле изворите, а пренесува "Daily Mail". Проектилот JL-3 Има дострел од 9.000 километри, значително повеќе од претходникот JL-2. 

Тоа значи дека Кина сега може да изведува напади на западниот брег на САД со безбедна оддалеченост од сопствената територија.

Иако американскиот пандан Trident II ја надминува новата кинеската ракета за околу 3.000 километри, Пекинг јасно покажал колку вложува во својата нуклеарна технологија.

Ракетата е дизајнирана да биде лансирана од кинеската подморница Џин Клас, која може да прими и до 24 вакви проектили.

Неодамнешниот извештај на Пентагон на американскиот Конгрес му открил дека Кина планира да изгради ваква флота подморници на новата генерација.

Моќното оружје на кое му требале 10 години да биде развиено претставува столб на стратешките нуклеарни сили на Пекинг, пренесува изворот на Daily Mail.




Спонзорирани линкови

Маркетинг