Берлускони ја вовел манекенката во политиката, а таа сега му ја краде партијата: Убавата Мара веќе има поддршка од третина од пратениците

Точка

15/11/2019

19:11

5.120

Големина на фонт

а а а

На политичката сцена во Италија дошло до нов судир кој привлекол големо внимание од јавноста, а во центарот на вниманието се Силвио Берлускони, поранешниот премиер, и Мара Карфања, една од неговите љубовнички и поранешна министерка за еднаквост.

Имено, Карфања решила да ја преземе партијата од Берлускони, кој во четири наврати бил премиер на Италија и кој останал запаметен по бунга-бунга забавите. 

Времето му минува

Како што пренесува британски "Times", Карфања почнала да агитира во партијата бидејќи не се согласува со одлуката на Берлускони да се здружи со Матео Салвини, лидер на антимигрантската Лига, поранешен министер за внатрешни работи и заменик премиер.

"На Италија и е потребна силна партија од десниот центар која не промовира омраза и нетолеранција", порачала Карфања во пораката на Твитер.

Свесен дека губи се повеќе поддршка во партијата, Берлускони оваа порака на социјалните мрежи го натерала јавно да се огласи:

"Форца Италија не е помошен велосипед за господинот Салвини, нема ни да биде", рекол Берлускони.

Извори блиски на партијата наведуваат дека Мара Карфања, која блиско соработувала со Берлускони од 2008-ма до 2011-та година и која наводно била една од неговите љубовнички, има поддршка од речиси третина од пратениците од партијата. Имено, Форца Италија во Долниот дом на парламентот има 104, а во Сенатот 57 пратеници и е трета по сила политичка партија во земјата по Лига и Демократската партија.

Поддршка од пратениците

Карфања, според неофицијалните информации, ја поддржуваат околу 50 пратеници и може да се очекува да продолжи со притисоците на Берлускони, чие време во политиката проаѓа. Таа во текот на престојот во владата била еден од најгласните заговорници за заострување на казните за сите видови на криминал, бидејќи во родното Салерно три пати била мета на уличен грабеж. За себе зборувала дека е антифеминистка, бидејќи слободата не зависи од независноста, туку од правила и дисциплина.

Го полудела Берлускони

Карфања во 1997-ма година учествувала на изборот за мис Италија и го освоила шестото место. После тоа започнала да работи на една од телевизиите на Берлускони. ОДносот се продлабочил кога Берлускони убавата бринета без политичко искуство ја внесува во владата и и дава министерско место. Во јануари 2007-ма година двајца биле во центарот на вниманието откако Берлускони изјавил: "Да не бев веќе оженет, ќе се оженев со Мара веднаш". Поради ова неговата сопруга барала и добила јавно извинување преку печатените медиуми. Берлускони и Ларио се развеле во 2010-та година, и тој моментално е во врска со Франческа Паскале, од која е постар 48 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг