Арслани го објави списокот за контролните натпревари против Србија

Дерби

15/11/2019

15:45

1.214

Големина на фонт

а а а

Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Шкумбин Арслани го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета за двата контролни натпревари против Србија.

На листата се наоѓаат 22. играчи и тоа:

Голмани: Иван Николоски (Работнички), Кристијан Китаноски (Вардар), Кире Новаков (Триглав);

Одбрана: Алтрим Јакупи (Шкендија), Имран Фетаи (Шкендија), Виктор Крстевски (Вардар), Александар Ѓурковски (Вардар), Бенјамин Далипи (Хрватски Драговољац, Хрватска), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Кристијан Тасевски (Аугзбург, ГЕрманија), Адас Рамадани (Работнички);

Среден ред: Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Леонид Игњатов (Вардар), Хамза Рамани (Шкупи), Дамјан Трајаноски (Вардар), Бехар Фета (Фортуна), Фитон Адеми (Шкендија);

Напад: Марио Илиевски (Тиквеш), Методи Максимов (Работнички), Азер Омерагиќ (Вардар), Луан Абази (Ст. Гален, Швајцарија);

Пријателските натпревари против Србија до 18 години се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 26. и 28. ноември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг