Султан Сулејман имал 3 желби на смртната постела – сите занемеле кога ги чуле

Точка

15/11/2019

22:07

38.159

Големина на фонт

а а а

Сулејман Величенствениот познат и како Кануни (Законодавецот) бил образован владетел. Тој зборувал 4 јазици: арапски, персиски, српски и чагатајски (стар облик на турскиот јазик). На власт дошол кога имал 26 години, а неговото владеење траело 46 години.

Пред смртта, султан Сулејман ги повикал поверениците и им ги издиктирал своите три последни желби: Првата желба му била неговите исцелители да го носат сандакот со неговите посмртни останки во текот на погребот. 

Втората желба му била златниците и другите скапоцени камења да остануваат по патеката зад поворката која ќе го носи сандакот. Третата желба му била да му висат рацете од сандакот за да можат сите да ги видат. 


Кога главниот командант на војската, збунет од она што го чул, прашал за причината за таквите желби, Сулејман објаснил:

Сакам најдобрите исцелители да ги носат моите посмртни останки за сите да видат дека дури и тие се немоќни пред смртта.

Расфрлајте го наоколу сето злато кое цел живот сум го собирал за сите да видат дека сè што сме стекнале останува на овој свет.

Моите раце нека висат од сандакот за сите да видат дека дури и Сулејман Величествениот заминува на другиот свет со празни раце.



Спонзорирани линкови

Маркетинг