Откриен е изгледот на електричниот Mustang на два дена пред премиерата

Точка

15/11/2019

16:18

1.890

Големина на фонт

а а а

Електричниот кросовер на Ford, базиран на популарниот спортски модел Mustang ќе ја носи ознаката Mach-E.

Светската премиера на Mustang Mach-E е закажана за 17-ти ноември, но на интернет веќе протекоа фотографии од изгледот на новиот електричен кросовер на американската компанија на два дена пред премиерата.

Моделот кој ќе стигне во продажните салони во втората половина од 2020-та година ќе се продава во пет верзии - Select, California RT.1, Premium, First Edition и GT, а во зависност од верзијата и погонот (на задните или сите четири тркала), автономијата на возење ќе се движи од 340 до 480 километри.


Најмоќната верзија GT ќе забрзува од 0 до 100 километри на час за околу 3,5 секунди, ќе има погон на сите четири тркала, а ќе пристигне нешто подоцна.


Што се однесува до внатрешноста на автомобилот, може да се види дека е дизајнирана во минималистички стил, карактеристичен за електричните автомобили, пред се оние на Tesla.


Сите детали за електричниот кросовер Mustang Mach-E ќе бидат познати за два дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг