Центар на воздушен, автобуски и железнички сообраќај: Погледнете како ќе изгледа футуристичката железничка станица во Естонија

Точка

15/11/2019

16:04

2.540

Големина на фонт

а а а

Проектот “Zaha Hadid Architects“ го освои првото место на локалниот архитектонски натпревар за нови железнички терминали во Естонија.

Предвидено е оваа електрифицирана железничка да биде дел од системот “Rail Baltic“ и да се простира на 870 километри од Талин во Естонија до литванско-полската граница.


Заха Хадид на овој проект работела со локалната компанија “Esplan“. Дел од овој футуристички проект е и терминалот Ülemiste кој претставува интеграција на автобуски и трамвајски сообраќај и железничка пруга како и пешачки мост кој воедно претставува и мултимодален сообраќај.


Овој проект го карактеризира модуларна конструкција што значи дека може да се изгради во фази така што железничкиот сообраќај би можел да се одвива и во текот на изградбата.


„Уверени сме дека ова подрачје станува едно од најактуелните кога станува збор за инфруструктурата и дека Талин станува вистинско мултимодално сообраќајно собиралиште кое во иднина ќе биде центар на железничкиот, автобускиот и воздушниот сообраќај“ - изјавил Таави Ас, министер за економски односи и инфраструктура во Естонија. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг