Шарлот од “Сексот и градот“ открива која е најодвратната сцена која ја снимила во филмот

Точка

15/11/2019

15:33

3.572

Големина на фонт

а а а

Иако престана да се емитува пред 15 години, серијата “Сексот и градот“ и понатаму е една од најпопуларните на интернет.

Обожавателите на серијата се надеваа дека легендарната четворка ќе снима уште еден филм, но поради лошиот однос на актерките тоа дефинитивно нема да се случи.

За снимањето на серијата неодамна проговорела и актерката Кристин Дејвис која во серијата го толкуваше ликот на Шарлот и открила која сцена од филмот била најлоша за да се сними.

„Тоа беше сцената кога во кревет бев со лик кој во лице мораше да ми вреска: „Ку*во! Е*ена кучко“, навистина ми беше одвратно“ - вели Кристин за сцената од епизодата „Дали сме развратни?“ која се емитувала во 2000-та година.

Актерката потоа на колешката Сара Џесика Паркер ѝ го поставила прашањето кој ѝ бил помил - Фаца или Аидан, на што одговорила дека Аидан бил прекрасен, но Фаца сепак суден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг