Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт: Пејачот моментално е хоспитализиран во болница

Точка

15/11/2019

14:46

2.388

Големина на фонт

а а а

Српскиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт, а тоа било причината за откажување на закажаните концерти, пишуваат српските медиуми.

Балашевиќ моментално се наоѓа во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица, каде е хоспитализиран. На пејачот му биле вградени стентови. 


Медиумите дознаваат дека Балашевиќ се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување. Тој требаше да настапи во Крагујевац, но тој концерт е откажан.

“Драги Крагујевчани и останата екипо која требаше да дојде вечерва на концерт... Жал ми е што морам да ве известам дека вечерашниот концерт се одложува. Животот понекогаш прави планови без нас и смета на нашето разбирање и што друго нѝ преостанува... Здравјето во секој случај е најважно и тука тешко што би можело да се додаде...

Џоле вели дека ќе донесе лекарско уверение ако ви е потребно, а јас се сомневам дека вие некогаш ќе го побарате тоа од него...”, напишала на Фејсбук неговата ќерка, Беба Балашевиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг