Девојките лудуваат по него, но сега го бараат и Барса, Јунајтед и Сити - новиот ас на Аргентина предизвика “хаос“

Супермен

15/11/2019

15:00

4.122

Големина на фонт

а а а

На Инстаграм веќе го следат над 2 милиони луѓе, а има само 22 години и за него поддеднакво знаат да се “борат“ и девојките, но и гигантите на светскиот фудбал.

Клубовите од Манчестер, Јунајдед и Сити се приклучуваат кон Барселона во трката за најбараниот фудбалер на Интер, Лаутаро Мартинез, пишуваат од “Mirror“.

Градските ривали бараат засилување во нападот, а првиот избор им е Аргентинецот кој оваа сезона игра во одлична форма.

Мартинез има откупна клаузула од 120 милиони евра, но на лето, а Интер сака да му понуди нов договор без излезна опција.

Проблем им претставува и интересирањето на Барселона на која Мартинез неодамна ѝ даде гол на Камп Ноу и со својот одигран натпревар ги воодушеви челниците на каталонскиот клуб.

Мартинез, во Серија А оваа година постигна 5 голови. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk