Градоначалникот на Центар: Останува уште да се самозапалам за некој да реагира за барокната катна гаража

Точка

15/11/2019

14:20

4.487

Големина на фонт

а а а

На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ говореше за парцелата кај „Авто Македонија“ и најавите на компанијата „Никофон“ за градба на барока катна гаража.

Богдановиќ ги демантираше тврдењата на Обвинителството дека од Општина Центар не доставиле целосна документација за случајот со катната гаража.

„По кривичните пријави во 2015 година, претставници од Општина Центар на 3 февруари 2016 година биле повикани во Обвинителството и доставиле 72 списи. Два дена подоцна на 5 февруари доставени се и дополнителни материјали. Оттогаш нема стигнато никакво известување до Општината. Откако ние го преземавме градежното земјиште на 13 август 2019 документацијата за овој случај ја доставивме до Јавното обвинителство, а на 15 август и дополните документи. Исто така целата документација ја доставивме и до Министерството за внатрешни работи. Од наша страна сѐ е направено, останува уште да се самозапалам, па да се постапи по случајот“, изјави Богдановиќ, пренесува „СДК“.

Според Саша Богдановиќ, Правилникот за формирање на цената на јавно наддавање кој им бил доставен на Обвинителството е јасен доказ дека била злоупотребена службената должност и бил оштетен буџетот на Општина Центар.

Градоначалникот на Центар меѓу другото соопшти дека добил најава за средба во Обвинителството во текот на следната седмица каде треба да се расчистат сите дилеми.

Богдановиќ вели дека според тоа, почетната цена на јавното наддавање требала да биде 5,600 денари, а не 1,850 денари и исто така нагласи дека е подготвен да разговара со инвеститорот и сопственик на „Никофон“, Никола Настески за раскинување на договорот.

Настевски го купил земјиштето во 2012-та година за изградба на барокна катна гаража. Иако станува збор за локација во строгиот центар на главниот град, тој државното земјиште го купил за 127 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг