Истакнете ја Вашата внатрешна убавина и справете се со целулитот

Точка

15/11/2019

14:00

1.873

Големина на фонт

а а а

Надворешниот изглед го рефлектира вашето здравје и виталност. Со процесот на стареење, настануваат промени на кожата. Поради тоа, голем дел од женската популација инвестира во козметички препарати, скапи процедури и антицелулитни третмани кои не нудат долготрајно решение.

Целулитот како последица од стареењето е проблем кај 85-95% од жените, па ако се борите со целулит, во никој случај не сте сами. Целулитот е неправилно таложење на маснотии под кожата што создава појава на темнини и грутки на рацете, задникот и бутовите.  


Потенцијален целулит третман што предизвика интерес кај истражувачите е внесот на колаген суплементи. Иако колагенот е главна состојка во голем дел производи од козметичката индустрија, денес е првиот избор на многу потрошувачи како додаток во исхраната. Конкретно, биоактивните колагенски пептиди кои се применуваат во прехранбената индустрија се уникатна хемиска формулација што ја зголемува способноста за апсорпција на организмот.

Истражување објавено во 2015 година докажува дека редовен внес на 2.5g биоактивни колаген пептиди во период од 6 месеци има видливи позитивни резултати врз кожата. Ако вашата цел е регенерација на вашата кожа и забавување на процесот на стареење, вашиот идеален избор е Collagen Beauty на Виталиа. Добивате сладок напиток со вкус на јагода, кој содржи хидролизирани биоактивни пептиди чија ефективност врз кожата е зголемена со додадениот витамин Ц и коензим Q10. Со редовна консумација на препорачаната доза од 6g колаген дневно, периодот за добивање видливи резултати ви се скратува на 3 месеци. Дополнителни придобивки од консумација на колаген напитокот се ревитализирана и затегната кожа, посилни нокти и коса, поздрави коски и зглобови, подобрен метаболизам и зајакнет имунитет.


Секако, вежбањето, правилната исхрана и навремената хидратација се неопходни за намалување на целулитот, но тие мораат да бидат поддржани со правилна нега и суплементи кои ќе помогнат во процесот на отстранување на истиот.  

Доколку барате ефикасност и практичност, колагенската линија на Виталиа совршено се вклопува во вашиот динамичен животен стил. Уникатната формула на овие продукти ќе ви овозможи задоволство и поддршка на внатрешно здравје и надворешен сјај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг