„Ми пристигна порака од непознат број, а кога ја отворив плачев од болка“ - ова може да ѝ се случи на секоја жена која има телефон

Точка

15/11/2019

14:31

11.206

Големина на фонт

а а а

„Кога телефонот ми се расипа не ни претпоставив дека таков пекол ќе ми се случи“ - рекла девојката.

Статусот од младата жена со име Глорија Фуентес овие денови се шири по социјалните мрежи, а таа сакала да ги предупреди сите оние кои ги носат своите телефони на поправка.

Глорија пред да го однесе својот телефон на сервис ги избришала лозинките за пристап на социјалните мрежи, но на една работа не се сетила и тоа ја “чинело скапо“.

„Ве молам прочитајте го ова. Синоќа отидов до сервисот за телефони за да ми го направат стаклото на екранот. Ми помогна работникот со име Ник. Пред да појдам на сервис, претходно ги избришав лозинките од социјалните мрежи како и апликациите кои би можеле да бидат проблематични. Исто така им направив “бек-ап“ на фотографиите, но истите заборавив да ги избришам затоа што брзав“ - напишала Глорија.

Меѓутоа, како што вели таа, Ник два пати ја прашал за лозинката која таа, без да размисли му ја кажала не сомневајќи се дека може да ја злоупотреби.

Кога стигнала дома добила порака од непознат број. Кога отворила се расплакала. Ѝ пристигнало известување дека момчето Ник самиот на себе си испратил провокативна фотографија од неа на неговиот телефон.

„Тоа момче успеало да ги прегледа сите мои фотографии во телефонот и да ја најде таа една и единствена гола фотографија, а на неа стоеше и локацијата па така сега тој ја знае и мојата адреса на живеење. Не можам да ви објаснам колку плачев поради сето ова“ - напишала таа.

„Одлучив да го тужам, а ова го споделувам затоа што iPhone е многу популарен телефон, особено меѓу инженерите. Што доколку ова ѝ се случи и на некоја друга девојка?“ - пишува таа, а од сервис службата кажале дека работникот Ник добил отказ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг