Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Саха откри дека неговите соиграчи од тоа време Руд ван Нистелрој и Кристијано Роналдо влегле во жестока вербална пресметка во соблекувалните на клубот.
Саха откри дека Холанѓанецот бил толку брутален во зборовите кои ги упатил кон Кристијано што го натерало тогаш младиот ас да се расплаче.
– Дали Руд направи Роналдо да плаче? Да, имаше некои приказни поради кои и двајцата влегоа во конфликт. Тоа беше периодот кога таткото на Кристијано почина, па не беше вистински момент за кавга. Такви работи се случуваат кога двајца играчи со голем елан ќе се судрат, но ни до ден денес не сум сигурен дали Руд се кае за некои зборови што му ги кажа, - изјави Саха за „FourFourTwo“.