„Скај Спортс“ со ексклузивна трансфер најава: Манчестер Сити во јануари купува поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед

Дерби

15/11/2019

13:12

1.596

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити дефинитивно е во потрага по централен стопер и во јануарскиот преоден рок, Пеп Гвардиола веројатно ќе донесе најмалку еден играч на оваа позиција.

Најеминентниот британски таблоид, „Скај Спортс“ пренесува дека „граѓаните“ се заинтересирани во своите редови да донесат еден од двајцата стопери на Лестер.

На радарот на Сити се Џони Еванс и Чаглар Сојунчу кој оваа година се нерешлива енигма за противничките напаѓачи.

Интересно е тоа што Џони Еванс потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед и долго време го носеше дресот на „ѓаволите“, па со сигурност фановите на овој клуб ќе останат разочарани доколу тојсе реши да го облече дресот на нивниот најголем ривал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг