Фустанот во кој Мерилин ја пеела роденденската песна на Кенеди криел тајна: Продаден е за 4,8 милиони долари, а досега не се знаело дека со него знаела да израдува и повеќе од што треба

Точка

15/11/2019

12:53

2.353

Големина на фонт

а а а

Филмската икона Мерилин Монро била гола под познатиот фустан кој го носела додека ја пеела “Среќен роденден, господине претседателу”, посветена за американскиот лидер Џон Ф. Кенеди.

Кокетната актерка му ја пеела роденденската песна на настанот за собирање средства за Демократската партија во Њујорк, неколку дена пред неговиот 45-ти роденден во мај 1962 година. Тоа покренало гласини во кои се наговестувало дека Монро има некаква врска со Кенеди и со неговиот брат Роберт. 


Анегдотата за Мерилин откриена во новата книга потекнува од колумнистката Маурин Довд, која им кажала на писателите на книгата, Еш Картер и Сем Кашнер, што ѝ пренел нејзиниот пријател за време на вечерата.

“Ми рече: Стоев веднаш зад Мерилин кога ја пееше роденденската песна за претседателот и се случи навистина чудна работа. Нејзиниот фустан се помести во моја корист и забележав дека таа навистина не носи ништо под него”, рекла Маурин.

Фустанот бил продаден на аукција во Лос Анџелес во 2016 година, за вртоглави 4,8 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг