Петочки, опуштено и разиграно. А зошто да не танц? Зошто да не ориентален танц? Можеби, некому за момент ќе го потсетиме на летните спомени, море и плажа, особено ако се одморал некаде на Ориентот.
Но, танцот не влијае само на расположението. Од танцот има и други придобивки, затоа не познава старосни граници. Марија Андева е дипломиран балетски педагог за модерни танци. Во оваа прилика, на вас читателите на Точка, ќе ви раскаже нешто повеќе за ориенталните танци.
- Доусовршувањето конкретно за ориентален танц е комплексно и принудува посета на многу семинари, работилници и обуки надвор од нашата земја. Помеѓу последните кои сме ги посетиле можам да ги набројам:
Каиро Dance Fest 2019 vo Budimpe[ta, Мијен Луџ во Копаоник, Fairytales Festival 2016 во Белград и многу други, каде посетувавме кратки работичници кај врвни професионални инструктори од целиот свет. За нашата професионалност говори, покрај студиото овде, новото кое го отвораме во Кушадаси Турција -срцето на Ориентот.
- Почнуваме со вежби, потоа комбинации за изучување на техника (основни и напредни чекоти), кореографија преку која се изучуваат различните стилови на ориенталниот танц во зависност од музиката и на самиот крај има вежби за обликување и истегнување на мускулите. Во принцип забавно и разиграно.
- За се научи целиот танц тешко е да се одреди време, сепак тоа е фолклор на една цела област која е жива и константно се менува. Но, за да се научат основите доволни се неколку месеци. Се понатаму е прашање на желба за усовршување.
- Во зависност од генерациската разлика, бенефитот кај децата е правилниот раст и развој на телото, подобрувањето на мускулната меморија, подобрување на менталниот склоп, социјализирање.... Додека кај возрасните делува добро на абдоменот, обликувањето на телото, ослободувањето од стрес, одржувањето на здравиот дух и што е најважно ширење на позитивна енергија.
- И за двете. Од забава доаѓаат оние кои ја сакаат ориенталната музика и сакаат да танцуваат дружејќи се на часовите. Додека пак оние кои обожуваат да спортуваат, ориенталниот танц е приспособен преку кардио и аеро вежби совршено да го обликуваат женското тело. Потребно е само да ги сакате танцот и музиката, да го научите истиот. Погоден е за сите возрасти и не е потребна претходна подготовка.
Фото: Тоше Јанев
(А.В)