Не се откажува од руското оружје! Ердоган јасен и во Белата куќа: Му кажав на Трамп дека ќе купиме и американски Патриот ако ни дадат подобра понуда

Точка

15/11/2019

16:32

1.781

Големина на фонт

а а а

Анкара нема да се откаже од рускиот систем за противракетна одбрана S-400, дури и ако го набави американскиот систем Патриот, изјавил вчера претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган по враќањето од Вашингтон.

"Им кажав дека ќе го купиме системот Патриот, ако ни дадат поволна понуда. Меѓутоа, сметаме дека американската понуда целосно да се откажеме од S-400 е погрешна", рекол Ердоган, пренесува NTV. 

Тој истакнал дека Турција нема да се откаже од S-400 во корист на Патриот, пренесува Tass.

"За нас е важно да имаме S-400 во својот одбранбен систем. Ќе купиме и S-400 и Патриот, бидејќи го развиваме нашиот одбранбен систем на разнолик начин. Тоа е стратегијата на нашите вооружени сили", рекол Ердоган.

Тој ја исклучил можноста за избор меѓу Русија и САД како курс на надворешната политика на Турција.

"Постојат политичари кои ме прашуваат кој е непријателот: САД или Русија? Не сакам непријатели. Сакам да бидам пријател и со Америка и со Русија. Тоа е нашата цел и правиме чекори кон истата. А некои се загрижени поради тоа", заклучил претседателот на Турција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг