Клоп одговори зошто не е заинтересиран да го донесе Златан во Ливерпул: Ако не играше…

Дерби

15/11/2019

11:20

1.639

Големина на фонт

а а а

Фудбалските шпекулации отидоа дотаму, па го поврзаа Златан Ибрахимовиќ и со актуелниот европски шампион, Ливерпул.

Секако дека ваквите вести се исклучиво во доменот на шпекулации, но истите се реши да ги коментира и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Германецот во свој стил, на шеговит начин го искоментира можното доаѓање на Златан Ибрахимовиќ на „Енфилд Роуд“.

– Да не играше за Манчестер Јунајтед претходно, тогаш можеби ќе ја разгледавме опцијата да го донесеме. Не, јас не сум ни сигурен дека тој сака да игра овде. Ние сме прилично интензивен тим, - изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг