Пике откри неверојатна приказна: Неговиот соиграч е меѓу најискусните на теренот, а се уште на тренинг го носи неговиот татко…

Дерби

15/11/2019

11:18

1.188

Големина на фонт

а а а

Жорди Алба е посочен како еден од најдобрите леви бекови во светот на фудбалот и сигурно е меѓу најискусните фудбалери во дресот на Барселона.

30-годишниот фудбалер има над 300 настапи во Ла Лига, а има и 70 репрезентативни натпревари зад своето име.

На фудбалскиот терен буквално царува на неговата позиција и токму затоа е омилен фудбалер на Лео Меси, но надвор од него Алба се соочува со ситни проблеми.

Имено, како што откри Џерард Пике во „лејт-најт“ шоуто „Ла Ресистенција“, Жорди Алба на тренинг го носи неговиот татко затоа што тој нема возачка дозвола.

Пике беше запрашан со што доаѓа на тренинг 17 годишниот Ансу Фати, а играчот од одбраната само кратко одговори:

– На ист начин како што доаѓа Алба, со неговиот татко. Неговиот татко го носи на тренинг, исто како Жорди Алба, -истакна Пике.

Инаку зборовите на Пике може да се потврдат со многу фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа дека Алба пристигнува на тренинг или на натпревар во друштво со неговиот татко или неговиот брат, кои секогаш се зад воланот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг