Арапски "ѕвер" на четири тркала

Точка

15/11/2019

10:45

2.577

Големина на фонт

а а а

На саемот за автомобили во Дубаи дебитирал хипер-автомобил од Обединетите Арапски Емирати.

Во земја во која европските супер-автомобили им се омилени на богаташите, направен е првиот локален. 

Екстравагантниот автомобил со ознака "Ајлани Дракума" е инспириран, очекувано, од Ламборџини.

Основачот на компанијата, Башар Ајлани, најавил дека неговиот првенец Дракума ќе биде произведен во ограничена количина од 99 единици.

Дракума е остварување на сонот на Ајлани, а првиот дизајн на автомобилот е направен уште пред пет години.

Арапскиот "ѕвер" на тркала го движи истиот агрегат кој се наоѓа во Бугати Вејрон Супер Спорт, 8,0-литарски W16 со два турбо-полначи кој развива 1.200 коњски сили.

Шасијата е од карбонски влакна, а вратите се отвораат во стил на змејски крила, но сега автомобилот е прикажан само со затворени врати.

Нема ни фотографии од ентериерот, сите стакла на премиерата во Дубаи биле затемнети, што веројатно значи дека произведувачот уште не завршил со внатрешноста возилото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг