Британскиот принц Чарлс ги соблече чевлите за време на посетата на Индија, по што јасно можеше да се види како неговите нозе, но и дланки се отечени.
Ова ги наведе англиските таблоиди да се запрашаат од кои болести боледува 70-годишниот најстар син на кралицата Елизабета Втора. Принцот Чарлс инаку е прв во редот за преземање на британскиот престол, а тој деновиве отпатува во Индија каде присуствува на самитот за климатските промени.
При влегувањето во еден индиски храм, како што налага традицијата, тој мораше да ги соблече чевлите, по што јасно можеше да се види како неговите стапала се отечени и црвени.
Long flight, hot climate, there are plenty of good reasons why Prince Charles' hands and feet are swollen https://t.co/H7ja4NOKqX
— Metro (@MetroUK) November 13, 2019
На други фотографии исто така може да се види дека му се отечени и шаките.
„Дејли Мејл“ пренесува дека отечените стапала можат да бидат последица на бројни заболувања, како што е дијабетисот или пак можно е британскиот принц да има проблеми со срцето.
Сепак, отокот на нозете може да биде последица на долготрајното седење или стоење во иста позиција.