Тинејџер отвори оган во калифорниско средно училиште: Две лица загинаа, повеќе се повредени

Точка

15/11/2019

08:39

1.654

Големина на фонт

а а а

15-годишен тинејџер изврши напад во средно училиште во американската сојузна држава Калифорнија, а утринава на повредите им подлегна 14-годишно момче.

Како што пренесуваат американските медиуми, втората жртва, 14-годишно момче им подлегнало на повредите утринава во една од калифорниските болници, откако неколку часа претходно беше извршен вооружен напад во дворот на средно училиште северно од Лос Анџелес.

Во нападот исто така е убиена и 16-годишна ученичка која била хоспитализирана во критична состојба, но набрзо потоа починала.

Шест лица, меѓу кои е и напаѓачот кој се обидел да се самоубие пукајќи во својата глава, се пренесени во болница после драмата во средното училиште „Саугус“ во Санта Кларита на 60 километри од Лос Анџелес.

Полицијата го опиша напаѓачот како Азијат, ученик во средното училиште каде што бил извршен нападот. На лице место било пронајдено и огненото оружје, пренесува американската телевизија "NBC".

Локалниот шериф Алекс Вилануева изјави дека осомничениот е уапсен и идентификуван, а специјалните единици на американската полиција исто така упаднале и во неговиот двор.

Ученичката Рајли за локалните медиуми опиша дека стоела кај книжарата со своите пријатели кога слушнала четири до пет истрели, по што сите започнале панично да бегаат. Исплашен и видно вознемирен родител додал дека неговите деца веќе минале низ вежби за евакуација во вакви вондредни ситуации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг