Познатата водителка, Елена Стефановска, која воедно е и уредник на емисијата „Живот со стил“, максимално ужива во својот живот.
За тоа сведочат фотографиите кои постојано ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил, а фановите не престануваат да ѝ се восхитуваат и по малку да ѝ завидуваат.
Но, кога станува збор за нејзината приватност, Стефановска до неодамна во строга тајност ги држеше интимните детали од нејзиниот љубовен живот.
Имено, пред неколку недели Елена ексклузивно за Бекстејџ откри дека е во љубовна романса со Бојан.
„Тогаш кога најмалку очекуваш се случува љубовта. Среќна сум, со Бојан се надополнуваме, имаме разбирање еден за друг и многу ми значи што без проблем го прифати ова што јас го работам и максимално ме поддржува во сè“, откри водителката.
Иако, летото и летните одмори завршија, Стефановска деновиве ги спакува куферите и замина на Малта. Исто како и секогаш, Елена постојано ги известува фановите како си поминува таму, па така откри и дека не ужива сама, туку со нејзиниот нов партнер.