Мачки на пат околу светот: Еве како се патува кога не сакате да ги оставите вашите миленичиња сами

Точка

14/11/2019

20:02

1.679

Големина на фонт

а а а

Откако забележал дека на неговите мачки не им се допаѓа кога тој патува, а нив ги остава дома, Даисуке одлучил да ги спакува своите миленичиња и повеќе никаде да не патува без нив.

Даисуке Нагасава во изминатите три години патува низ Јапонија со своите две крзнени пријателчиња Даикичи и Фуку-чан. Тие заедно посетиле 47 места ширум Јапонија, вклучувајќи и некои од најважните локации како планината Фуџи, Кјото за време на цветањето на црешовите дрва и капијата Тори во Хирошима. 

Нагасава започнал да патува со своите мачки кога забележал дека тие тешко ги поднесуваат периодите кога тој е отсутен поради деловни патувања. Затоа, Даисуке одлучил да ги носи со себе секој следен пат, а дури им отворил и профил на Инстаграм за луѓето да можат да ги следат авантурите на двете мачки.

Даикичи и Фуку-чан набрзо станале големи ѕвезди кои гостувале во многу телевизиски емисии, а имаат и своја фото-книга.

“Нашата омилена дестинација оваа година е плажата Киненхама на островот Токуношима”, вели Нагасава за “Metro” и додава дека, иако неговите мачки обожуваат слободно да шетаат, од сигурносни причини секогаш имаат поводници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг