Професорот му рекол дека не знае да глуми, а се сретнале кога станал ѕвезда: Бред Пит открил интересна анегдота за својот колега

Супермен

14/11/2019

18:46

3.447

Големина на фонт

а а а

Бред Пит е попрепознатлив во сериозни улоги во филмовите додека пак неговиот колега Адам Сендлер се прославил преку комедиите, а малку е познато дека овие двајца актери имаат могу заеднички работи.

Бред Пит и Адам Сендлер стигнале во Холивуд речиси во исто време, во текот на доцните 80-ти години, а на почетокот од нивната кариера соработувале со исти луѓе, но патиштата им се раздвоиле. Додека Бред нижел улоги во трилерите, Сендлер станал една од најголемите ѕвезди на холивудските комедии особено во 90-те години.

Голем дел од нивните обожаватели и денес не знаат дека тие двајца се пријатели, а судејќи по анегдотите кои Бред ги раскажал очигледно е дека многу се блиски и делат многу приказни од своите животи.


Во неодамнешното интервју за проектот “Actors on Actors“, Бред Пит раскажал една анегдота поврзана со Сендлер.

Како што истакнал тој, Адам Сендлер студирал на Њујоршкиот универзитет, а еден од неговите професори по глума го повикал на пиво. Изгледал загрижено и сериозно, а кога пошле на пиво тој на Адам му рекол дека не е талентиран и дека никогаш нема да биде добар актер па затоа би требало да размисли за некоја друга професија со која би се занимавал. За Сендлер тоа не доаѓало предвид.

„Оваа приказна има и втор дел. Тоа е мојата омилена приказна за Адам Сендлер и мислам дека кажува многу за него“ - рекол Бред.

Сендлер многу години подоцна, додека бил на врвот од неговата слава, седел во некое кафуле и го здогледал својот стар професор. Баш тој кој му кажал дека никогаш нема да успее во актерството. Меѓутоа, наместо да му се налути, Адам културно го повикал професорот да му се придружи каде што седел и го претставил пред своите пријатели како еден професор кој му го платил пијалокот додека бил студент.

„Тоа е момчето кое што го знам. И мислам дека затоа е тука и после толку многу години“ - заклучил Бред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk