Му поставиле задача на октопод во аквариум, но на ова не се надевале

Точка

14/11/2019

17:20

3.452

Големина на фонт

а а а

Сигурно веќе знаете колку октоподите се интелигентни суштества, но секогаш е добро да се повтори.

Освен што се експерти за криење и вклопување во околината, октоподите се многу паметни и љубопитни животни.

Долго се сметаше дека се глупави, но многу научници го докажуваат спротивното. Некои испитувања покажуваат дека октоподите можат да пронајдат излез од лавиринт , па дури и да отворат шише.

Тоа се суштества кои се многу љубопитни и кои истражуваат нови работи околу себе.

Октоподот од видеото добил задача да го отвори шишето во кое има риба. Шишето кое е налик на шише за бебе, на горниот и долниот дел има отвор низ кој октоподот може да го “протне“ екстремитетот, но не и да ја извади рибата. Откако се обидел да ја извлече и не успеал, пробал друга тактика.

Испитувачите очекувале дека октоподот, како и многу други пред него, ќе го извади капачето од шишето.

Но, овој октопод сепак направил нешто ново и поинакво. Успеал да ја извади цуцлата и така да ги извади рибите. Многумина се пошегувале во коментарите дека овој октопод одбрал сила пред интелигенција, а некои додале дека е генијален. Но, она што е најчудно во целава приказна е фактот дека луѓето кои ја поставиле задачата не можеле да го направат истото.

Кога шишето не е во вода, отстранувањето е навистина многу лесно. Но, во вода не им успеало, колкупати и да пробувале. Октоподот сепак ги надминал во секоја смисла!



Спонзорирани линкови

Маркетинг