“Ви реков!“: Твитер заедницата со невкусни шеги за поплавената Венеција со ликот на Грета Тунберг

Точка

14/11/2019

17:45

2.485

Големина на фонт

а а а

Името на малата Грета Тунберг повторно се најде во центарот на јавноста, но овојпат од малку поразлична причина.

Поплавите кои ја зафатија Венеција го шокираа светот. Но, секогаш се наоѓа некој кој од сето тоа знае да направи шега, па така било и овојпат.

Додека Венеција се бори со најголемите поплави во последните 50 години, поедини корисници на Твитер одлучиле да направат шеги за оваа ситуација правејќи мемиња со ликот на активистката Грета Тунберг и натписот “Ви реков“.

Ваквите шеги предизвикале и негативни рекации кај многумина.

Додека Грата со уште двајца јутјубери плови по Атлантикот на јахта, Италијаните се бесни поради шегите кои се појавиле на Твитер на сметка на поплавите во Венеција, а особено околу фотошопот на фотографиите од популарниот плоштад Свети Марко во Венеција и ликот на Грета Тунберг.

Многумина сметаат дека ваквите шеги кога Венеција се бори со историски поплави се невкусни.

“Не е смешно, идиоти!“, “Сарказмот е премногу за ваква ситуација“ и слично, се само некои од коментарите.

Иначе, поплавите во Венеција досега одзедоа два животи и предизвикаа штета која се проценува на десеттина милиони евра. Ова е четврти пат градот да доживеал поплави во последните 20 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг