Nike го претстави новиот модел на Air Force 1 во соработка со Тревис Скот

Супермен

14/11/2019

20:39

1.083

Големина на фонт

а а а

Лојалноста на Тревис Скот кон своите корени уште еднаш се докажа преку неговата нова соработка со Nike и моделот Air Force 1.

Додека неговите претходни модели на патики воглавно се фокусираа на Хјустон, овој нов модел на Air Force 1 потсетува на “неговото растење во селската куќа на неговата баба во Мисури Сити”. Симболите на овој град се наоѓаат на петите, додека патиките во целост се изработени од материјали од кои била направена работната облека која Скот ја носел. 


Платно, антилоп, кожа и фланел се материјалите кои биле користени за креирање на овие патики, а исто така доаѓаат со прекривка за врвките која се прикачува за патиката со помош на голем метален патент.

Travis Scott Nike Air Force 1 ќе бидат пуштени во продажба на 16-ти ноември, а цената на еден пар ќе изнесува 160 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk