Матеус има свој фаворит: Од него нема подобар тренер за Баерн

Точка

14/11/2019

16:09

2.713

Големина на фонт

а а а

Германските медиуми веќе подолг период шпекулираат околу тоа кој би можел да го наследи Нико Ковач на клупата на Баерн Минхен.

Засега како можни наследници на Ковач се споменуваа Арсен Венгер, Томас Тухел и Жозе Мурињо, а деновиве исто така се споменуваше и името на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Германските медиуми тврдат дека Гвардиола е во одлични односи со управата на баварскиот гигант, а во Минхен веќе има и куќа. За клубската легенда на Баерн, Лотар Матеус, моментално токму Гвардиола е најдоброто решение.

„Ако Баерн сака да гради игра на посед на топка, тогаш нема подобро решение од Гвардиола. Тоа би било победа за Баерн и Бундес лигата“, изјави Лотар Матеус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг