Заев упати писмо со сочувство до Џузепе Конте поради поплавата во Венеција

Макфакс

14/11/2019

15:56

510

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата, Зоран Заев испрати писмо со сочувство до неговиот италијански колега Џузепе Конте, по повод штетите и жртвите од поплавите кои ја погодија Венеција.

„Со загриженост ја примив веста дека повеќе од 85 проценти од градот Венеција е поплавен, вклучувајќи ја и историската базилика и многу нејзини плоштади и улички, во трагичната елементарна непогода.

Несомнено, климатските промени го чинат своето, но, загубата на човечките животи е ненадоместлива, за што ви го упатувам моето искрено сочувство.

Дозволете ми, почитуван колега, да ги споделам со Вас моите желби за брзо надминување на штетите од оваа природна непогода.

Нашите мисли и молитви се со Вас“, се вели во писмото кое премиерот Заев го упати до претседателот на Советот на министри на Италијанската Република.



Спонзорирани линкови

Маркетинг