Диего Коста со посериозна повреда, сезоната за него најверојатно е завршена

Точка

14/11/2019

15:55

751

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува шпанска „Марка“, Диего Коста има големи проблеми со дискус хернија и најверојатно 31-годишниот напаѓач ќе мора да биде опериран.

Конечната одлука ќе биде донесена во следните неколку дена, но според моменталната проценка на докторите, операцијата е неизбежна. Во тој случај, Атлетико Мадрид нема да може да смета на неговите услуги во следните три месеци, а веројатно би го пропуштил и остатокот од сезоната.

Здравствените проблеми влијаеа и на квалитетот на неговите настапи, па Бразилецот со шпански пасош оваа сезона на 11 натпревари во Примера постигна само два погодоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг