Носталгија: Култната "Motorola RAZR" во современо руво

Точка

14/11/2019

15:45

1.512

Големина на фонт

а а а

Долгоочекуваната реинкарнација на култниот модел на Motorola RAZR само што пристигна. Тоа е Андроид паметен телефон со флексибилен екран на преклопување, кој нуди досега невидено решение за екранот.

Свитливиот дисплеј ја покрива целата внатрешна страна на уредот, а благодарение на посебната технологија, тој може да се преклопи на идентичен начин како и неговиот култен претходник. 

"Motorola" во текот на проектирањето на овој единствен уред, развила и тестирала повеќе од 20 различни прототипови на екрани, за на крајот да се одлучи за решение кое овозможува негово "пакување" во куќиште слично на некогаш многу популарниот "RAZR" модел.

Иако функционалноста и издржливоста на новата Motorola уште не се во целост докажани, како што наведуваат стручните медиуми, станува збор за многу скап Андроид телефон од средна класа.

Новата Motorola RAZR чини 1.500 долари, што е цена која ги надминува флегшип уредите на другите произведувачи. Сепак, уредот е поевтин од Samsung Galaxy Fold и Huawei Mate X.

За тој износ купувачот добива телефон кој, поради начинот на кој се преклопува, има покомпактни димензии во однос на повеќето паметни телефони на пазарот.

Motorola RAZR е опремена со Flex View Oled екран со дијагонала од 6,2 инчи, со однос на димензии на страните од 21:9. Од надворешната страна уредот има Quick View дисплеј со дијагонала од 2,7 инчи, кој ги прикажува сите основни информации.

Уредот опремен со 6GB RAM и 129GB интерна меморија, работи на Snapdragon 710 процесор.

Изборот на послаб процесот Motorola го оправдува со малата потрошувачка на батерија и поголемата должина на работа, на сметка на перформансите неопходни за работа на потешките апликација.

Слична е ситуацијата и кога станува збор за камерата. RAZR доаѓа со една камера, опремена со сензор од 16MP, потпомогната од функции како Night Vision и вештачка интелигенција која помага околу изборот на адекватниот режим на работа.

Интересно е дека корисникот, и без отворање на телефонот, може да врши повици, да одговара на пораки, да слуша музика, да прави селфи, да користи Google.

Иновативната Motorola RAZR ќе се најде во продажба од декември, на одредени пазари во Европа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг