Семеен или тркачки автомобил? Решението е Audi S6 ABT Sportsline

Точка

14/11/2019

15:22

895

Големина на фонт

а а а

Ако се двоумите дали да купите семеен или спортски автомобил, тогаш можеби Audi S6 ABT Sportsline е вистинското решение за вас.

Иако најпрвин нуди голем комфор и луксуз за вашето семејтво, сепак моќниот V6 TDI агрегат кој е доработен со потпис на култната тјунинг компанија ABT, значи една работа - ова е сериозен „тркач“.

Инженерите на ABT дополнително го „средија“ Audi S6 Avant, па доколку се одлучите за пакетот на опрема на оваа компанија, тогаш ќе добиете 384 коњски сили и 760 Nm максимален обртен момент. Тоа значи дека овој спортски караван од 0 до 100 километри на час забрзува за само 4,9 секунди, додека пак максималната брзина е ограничена на 250 километри на час.


Покрај софтверски зголемената сила, секако треба да се спомене и унапредениот систем за сопирање, но и новите 21-инчни фелни кои заедно со Quattro погонот нудат вистинско уживање во возењето.


Од ABT најавија дека наскоро ќе Audi S6 ABT Sportsline ќе добие и аеродинамички пакет со детали кои дополнително ќе го нагласат спортскиот дух и карактер на овој практичен, но исклучително моќен автомобил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг