Кој е брендот кој ќе ви додели патување во Швајцарија за 2020?

Точка

14/11/2019

14:56

3.636

Големина на фонт

а а а

Незаборавен викенд за двајца во Швајцарија е првaта награда која може да ја освоите и да изберете една од трите прекрасни дестинации:

Цирих, за него велат дека е космополитски град на вода и се наоѓа во срцето на Европа, спој на урбаниот живот со природата во сета своја убавина. 


Луцерн е портата до централна Швајцарија, поточно се наоѓа на брегот на езерото Луцерн. Овој град нуди импресивна панорама на планинскиот масив во позадина. Најдобро е овој град да го видите пешки, бидејќи така ќе имате можност да го истражите неговото богатство, вклучувајќи го и централниот дел од градскиот пејзаж, потоа Kapellbrücke или Чапеловиот мост, кој е изграден во средновековниот период, и се смета за еден од најстарите покриени дрвени мостови во Европа. 


Интерлакен се наоѓа во регионот на Бернските висорамнини помеѓу езерото Тун и езерото Бриенц. Оваа популарна дестинација е опкружена со три моќни алпски врвови - Eiger, Mönch и Jungfrau - кои нудат прекрасен поглед без оглед на која страна гледате. Така може да се одморите и да уживате во панорамата или да ја користите како база за да ја истражите природата во близина.   


Познатиот бренд Revalid® ви овозможува да бидете потенцијалниот добитник на една од трите дестинации доколку учествувате во оваа наградната игра. 

  Освен патувањето во Швајцарија, ќе бидат доделени и 50 Revalid® сетови составени од шампон, балсам и маска за коса, како и уште 50 Revalid® сетови составени од шампон и балсам. 

За да уествувате во наградната игра треба да купите минимум еден од врвните производи од колекцијата Revalid® кои ги има во сите подобро снабдени аптеки низ Македонија. На производот ќе најдете стикер кој го содржи кодот кој треба да го регистрирате на веб страната www.revalid.mkЧувајте го кодот и фискалната сметка до главното извлекување. Наградната игра трае до 31-ви декември 2019 година. Со среќа! 

Факти: Сите производи од колекцијата Revalid® се нежни за скалпот и косата и се корисни за секојдневна употреба. При дерматолошки тестирања, целата колекција се докажала како многу ефикасна и добро поднослива за скалпот и косата. Revalid® и го дава на вашата коса она што и е потребно. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг