Незаборавен викенд за двајца во Швајцарија е првaта награда која може да ја освоите и да изберете една од трите прекрасни дестинации:
Цирих, за него велат дека е космополитски град на вода и се наоѓа во срцето на Европа, спој на урбаниот живот со природата во сета своја убавина.
Луцерн е портата до централна Швајцарија, поточно се наоѓа на брегот на езерото Луцерн. Овој град нуди импресивна панорама на планинскиот масив во позадина. Најдобро е овој град да го видите пешки, бидејќи така ќе имате можност да го истражите неговото богатство, вклучувајќи го и централниот дел од градскиот пејзаж, потоа Kapellbrücke или Чапеловиот мост, кој е изграден во средновековниот период, и се смета за еден од најстарите покриени дрвени мостови во Европа.
Интерлакен се наоѓа во регионот на Бернските висорамнини помеѓу езерото Тун и езерото Бриенц. Оваа популарна дестинација е опкружена со три моќни алпски врвови - Eiger, Mönch и Jungfrau - кои нудат прекрасен поглед без оглед на која страна гледате. Така може да се одморите и да уживате во панорамата или да ја користите како база за да ја истражите природата во близина.
Познатиот бренд Revalid® ви овозможува да бидете потенцијалниот добитник на една од трите дестинации доколку учествувате во оваа наградната игра.
Освен патувањето во Швајцарија, ќе бидат доделени и 50 Revalid® сетови составени од шампон, балсам и маска за коса, како и уште 50 Revalid® сетови составени од шампон и балсам.
За да уествувате во наградната игра треба да купите минимум еден од врвните производи од колекцијата Revalid® кои ги има во сите подобро снабдени аптеки низ Македонија. На производот ќе најдете стикер кој го содржи кодот кој треба да го регистрирате на веб страната www.revalid.mk. Чувајте го кодот и фискалната сметка до главното извлекување. Наградната игра трае до 31-ви декември 2019 година. Со среќа!
Факти: Сите производи од колекцијата Revalid® се нежни за скалпот и косата и се корисни за секојдневна употреба. При дерматолошки тестирања, целата колекција се докажала како многу ефикасна и добро поднослива за скалпот и косата. Revalid® и го дава на вашата коса она што и е потребно.