Урнебесна сцена каква што кошарката досега не видела: Синот барал од судиите да го исклучат неговиот татко од натпреварот

Супермен

14/11/2019

15:36

3.028

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Хјустон Рокетс ги победиле Лос Анџелес Клиперс со резултат 102:93, па затоа не е ни чудно што тренерот од гостинската екипа бил нервозен во текот на целиот натпревар.

Овој натпревар го одбележал конфликтот помеѓу таткото и синот. Тренерот на Клиперс, Док Риверс во еден момент имал пресметка со судиите, а неговиот син Остин кој игра за Хјустон инсистирал неговиот татко да го казнат со техничка грешка.

За работата да биде поинтересна, судијата го исклучил Док од натпреварот, а Остин ја повикал публиката да се приклучи кон тој спектакл кој бил во негова режија.

Навистина урнебесна сцена каква што кошарката досега не видела.

Остин ја предвидел целата ситуација, спомеал дека многу уживал во татковото исклучување.

„Знаев што следи, сум го видел тој поглед повеќе пати. Кога ќе почне забрзано да трепка тогаш сè се подигнува на највисоко ниво. Му кажав на судијата да го казни и тоа се случи“ - објаснил Остин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk