Легендарниот модел на "Volkswagen", по втор пат отиде во историјата откако неодамна е сопрено производството на обновената "буба". Сепак, старата, оригинална "буба", продолжува да ги инспирира вљубениците во автомобили, но и на моторцикли.
Меѓу нив е и Брент Валтер, кој ги искористил иконските браници на "бубата" како "каросерија" на своите мини-моторцикли.
На основа на конструкцијата на овие мали возила со мотор од 79 ccm, додаден е елемент составен од преден и заден браник на "бубата".
Браниците се исечени на средината и заварени, така што фарот на "бубата" е задржан како предно светло на моторциклот, додека стоп светлото од автомобилот на "Volkswagen" станало задно светло на возилото на две тркала.