Зоран Заев и СДСМ им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата секој месец, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа власт, додаде тој, за само една година на еден професор од основно или средно образование, му крати односно му зема од неговиот џеб 67.920 денари или 1.100 евра вкупно.
„Наводното покачување од 10% е само замачкување на очи и прикривање на овој грабеж кој го прават врз просветните работници. Имено наставниците и професорите во основно и средно образование според Колективниот договор од 2010 година потпишан имаа коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој се множи со минималната плата која моментално изнесува 12.500 денари нето при што се добива плата од 31.660 денари односно за 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10%. Доколку пак се земе во предвид дека минималната плата ќе биде 14.500 денари тогаш согласно закон и колективен договор наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега го ветува Заев. Ова во превод значи дека Заев сака наставниците и професорите да ги изманипулира. И не им ја дава платата која со закон им следува“, рече Арсовски.