Принцот Вилијам не можел да ѝ одолее - ја бакнал пејачката и го прекршил кралскиот протокол

Точка

14/11/2019

22:00

14.189

Големина на фонт

а а а

Војводата од Кембриџ синоќа присуствувал на хуманитарната вечер на која имал средба која многу го израдувала.

Иако кон сопругата Кејт Мидлтон речиси никогаш не покажува нежност во јавноста поради строгиот протокол и правила на кралското семејство, принцот Вилијам идниот крал на Велика Британија не можел да ѝ одолее на Рита Ора.


Пред многубројните камери и фото репортери, принцот ја бакнал пејачката со албанско потекло што наишло на многу реакции на социјалните мрежи - додека едни се радуваат поради тоа што принцот бил спонтан други сметаат дека тој го прекршил протоколот затоа што требал да ја бакне својата сопруга како што тоа го направил принцот Хари.


Принцот и пејачката се сретнале на хуманитарната вечер каде што Вилијам бил во друштво на принцезата Беатрис додека пак неговата сопруга Кејт Мидлтон останала дома.

Странските медиуми велат дека принцот среќен разговарал со Рита Ора и очигледно било колку е радосен што токму неа ја гледа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг