Божица на злото со нереална убавина која Хитлер го “вртела околу малиот прст“: За Марија Оршиќ малку се знае, но тоа што е познато е морничаво

Точка

14/11/2019

12:35

3.905

Големина на фонт

а а а

За неа нема многу официјални податоци, но она малку што се знае открива дека Марија Оршиќ била жена со боженствена убавина и злокобен ум. Најголемите моќни луѓе во тоа време ги вртела околу малиот прст, а во втората сезона на филмот “Сенки над Балканот“ неа ја глуми актерката Леона Парамински.

Марија Оришиќ е еден од најинтересните ликови и најголемата мистерија на 20-от век и жената која “им ја крои капата на сите во Тула“.

Која е Марика Оршиќ и со што се занимавала?

Според податоците кои се занимаваат со мистериозната жена, Марија од мала имала страст кон чудни работи па така уште од детството наводно комуницирала со духови. Како мало девојче се приклучила во круговите на огнените германски националисти кои се залагале за соединување на Германија и Австрија.

Ја нарекуваат “божица на злото“, убедени дека Хитлер е окултист, а сè се базира на тврдењата кои навдно доаѓале од неа. Се верува дека таа имала клучна улога во формирањето на идеологијата на Третиот рајх и нивниот главен симбол - свастиката.

Нејзиниот татко Томислав бил угледен загребски архитект, а нејзината мајка Австријката Сабина имала долга коса до под која секогаш ја носела врзана во репче.

Таа била силен заговорник за соединување на Германија и Австрија во 1919-та година и дефинитивно била висок член на Тула.

Во декември 1919-та година, Карл Хаусхофер, водачот на Тула ги повикал познатите и почитувани окултисти на состанок во колиба на Алпите. Откако се собрале сите, Хаусхоефр ги изненадил сите присутни. Две млади девојки се придружиле во групата. Една од нив била многу молчалива и имала 18 години. Од некоја причина нејзиниот идентитет останал тајна. Се претставила како “Зигрун“. Другата девојка била Марија Оршиќ.

Освен боженствената убавина, двете имале долги коси. Марија била жена со неверојатна убавина, со сини очи и русокоса која според легендите нејзината коса била до подот. Хаусхофер таа ноќ, двете девојки ги претставил како “психички медиум“ помеѓу световите.

Некои од комуникациите на Марија биле во форма на текст, напишани со нејзина рака додека била во “транс“. Со овие нејзините тврдења тие дошле до шокантен заклучок и инструкции - како да направат анти-гравитациско летало. Марија објаснила дека тврдењата се дар од цивилизацијата од Албадеран како и дека машината работи со помош на енергија која се нарекува врил. Една од способностите на таа машина било и патувањето низ времето.

Третиот рајх очекувал од Марија со помош на жителите на системот Албадеран да ги прочистат жителите на Земјата и дефинитивно да ја вкоренат ариевската раса на Земјата. Поверувале во тоа и решиле да го поддржат и финансираат проектот за градење на таа машина.

Планирано било на Алдебаран да се испрати големо транспарентно летало VRIL 7, кое може да лета со брзина на светлината. Експериментот бил изведен кон крајот на 1944-та година и завршил катастрофално затоа што по краткиот лет леталото било оштетено на неколку места и изгледало како да “летало околу 100 години“.

Како последно појавување на Марија Оршиќ во историјата се наведува датумот 11-ти март 1945-та година по што таа исчезнува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг