Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Макфакс

14/11/2019

12:14

1.135

Големина на фонт

а а а

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица.

Од МВР информираа дека нападот се случил на улицата „Есперанто“ во близина на угостителски објект.

„Околу 01.00 часот на улицата„Есперанто“, во близина на угостителски објект, Љ.Ц. и Д.А. биле физички нападнати од неколку лица на возраст од околу 20 години“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Едниот од нападнатите е новинарот Љупчо Цветановски кој преку статус на социјалните мрежи напиша дека со неговиот колега биле нападнати од страна на седум лица.

„Не грижете се, се’ мина без физички последици, бидна без врска и апансас, беа 7 души, но спремни момци сме ние. Ги снема исто ко што се појавија. Не сакам ни да помислам дека мотивот е политички, никој не е до толку луд, или барем се надевам“, напиша Цветановски.

Цветановски бил во друштво на новинарот Дејан Андоновиќ, а засега не се познати мотивите за нападот.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг