Списанието "People" го прогласи Џон Леџенд за најсексапилен маж во 2019-та година, а минатогодишниот освојувач на оваа титула, Идрис Елба, го пофалил на Твитер и му ја честитал победата.
Откако Леџенд се заблагодарил за титулата преку Твитер, му одговорил Елба кој се пошегувал на сметка на Двејн "The Rock" Џонсон, кој оваа титула ја освоил во 2016-та година.
"Секоја чест брате! Го заслужи ова. Не му кажувај на Двејн за титулата, тој уште мисли дека е негова, а немав срце да му кажам дека ја преземав минатата година", напишал Елба на Твитер.
My G 🙌🏾🙌🏾Congratulations brother !!! You deserve it. DO NOT TELL @TheRock He still thinks he’s got the title, I didn’t have the heart to tell him when I took it. 😬 https://t.co/3aQrpD1RIe
— Idris Elba (@idriselba) November 13, 2019
Сопругата на Леџенд, Криси Тајген, исто така реагирала на оваа титула, велејќи дека конечно е откриена нејзината голема тајна.
"Го исполнив својот сон, спиев со најсексапилниот маж на светот. Тоа е голема чест", напишала на својот профил на Твитер.