Џенифер Анистон објавила фотографија со кучето, но сите гледале во нешто друго

Точка

14/11/2019

11:24

4.719

Големина на фонт

а а а

Џенифер Анистон била меѓу ретките ѕвезди кои немаат профил на Инстаграм, но откако го отворила, бројот на нејзините фанови не престанува да расте.

Со првата објава ја блокирала оваа популарна социјална мрежа, а од тогаш не престанала да не воодушевува со своите симпатични објави. 

Овој пат своите интернет пријатели одлучила да ги запознае со кучето Клајд, или како што таа го нарекува, "најдобриот пријател".

"Најдобриот пријател на жената. Денес го носам Клајд на работа", напишала актерката покрај фотографијата со својот миленик.

View this post on Instagram

Girl’s best friend... bring Clyde to work day.

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

Џенифер е толку популарна на Инстаграм, што фотографијата за само половина час и собрала милион и пол лајкови, а сега има речиси 5 милиони лајкови вкупно.

"Воопшто не си остарена", напишал еден од фановите.

"Какви нозе", е еден од коментарите.

"Престанав да дишам на пар секунди, презгодна си", ја пофалил некој од фановите на оваа мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг